MK / EN

Македонија има свое ИМЕ

Да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Македонија за идните поколенија. #БОЈКОТИРАМ е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегалнa власт и фингиран референдум.

Нашата цел е поттикнување и организирање на широка јавна акција за СТОП Северна, НАПРЕД Република Македонија ерга омнес!

Кликни тука за симнување на графики за бојкот и шири ги на социјалните мрежи. Гледај #Бојкотирам музичко видео. Слушај РЕБЕЛ Радио. Симни нови банери и логоа од Акција за Правда и Слобода #Апсаана. Посети не на Facebook.

Ако не сега, КОГА? Ако не ние, КОЈ?

Оваа кампања е за афирмација и употреба на уставното име Република Македонија и кратенката Македонија, спречување на промена на уставното име и промена на Уставот на Република Македонија. Зачувување на достоинството на македонскиот народ пред 140 држави членки на ОН, зачувување на идеалите и идентитетот на македонскиот народ во вековната борба за слобода и независна држава Македонија. Унапредување на македонскиот јазик и специјални права за оние кои се бореа за него.

Заштита на македонското национално малцинство во соседните држави. Заштита на историското и културното наследство на македонскиот народ. Откривање на лаги и непријателска пропаганда против Македонскиот народ и Македонската држава за обесхрабрување, деморализирање и нарушување на достоинството. Поттикнување на надеж и надминување на стравовите. Во НАТО и ЕУ со достоинство и Република Македонија ерга омнес.

НИКОГАШ Северна, СЕКОГАШ Македонија!

АКТИВНОСТИ: Поттикнување на јавна дебата и размена на мислења на социјални мрежи, вклученост на македонската дијаспора во носење на одлуки и обликување на јавното мислење против Грчкиот договор прифатен од Владата на г-дин Пинокио.

Развој на платформи за комуникација со целни групи. Истражување на јавно мислење преку следење на социјални мрежи и интернет активизам.

Едукација и информирање за последиците од штетноста на зделката на г-дин Пинокио.

МИСИЈА: Јакнење на граѓански и интернет активизам и свеста на граѓаните.

ЗАДАЧИ: Организирање на македонскиот народ за бојкот на референдумот, спречување на манипулација на гласачите, откривање и спротивставување на референдумска измама.

ЦЕЛНА ГРУПА: Општата јавност во Република Македонија и македонскиот народ каде и да се наоѓа.

ПЕРИОД: Јули 2018 - Декември 2018

Етички кодекс на #БОЈКОТИРАМ

Ние никому не можеме да спречиме да се идентификува со Бојкотирам се додека целта е иста. Секој граѓанин има право слободно да води пропаганда и јавно да си го искаже својот став. Предупредивме дека секој сака да го јава бранот на популарноста на Бојкотирам. Од крајно лево до крајно десно, креативноста и перформансот е предизвик за секој.

Потсетуваме, бојкотирам е анонимна децентрализирана група без лидер. Организирана на волонтерска основа од лица во онлајн заедницата за заштита на Македонските национални интереси. Оние кои нема да се придржуваат на етичкиот кодекс ќе бидат виртуелно избришани од мрежата како да не постоеле. Името е идентитетот. (кликни тука за кодекс)